Ctrl - Z АРТ Новата сезона во НОБ започнува со операта „Лидија од Македонија“

Новата сезона во НОБ започнува со операта „Лидија од Македонија“

Станува збор за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија

Фото: НОБ

Новата сезона во Националната опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16 септември 2023 со почеток во 20 часот, информираат оттаму.

„Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева“, велат оттаму.

Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Станува збор за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време.

Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн  и на билетарницата на Националната опера и балет.