Македонија Новата „бомба“ на Заев повторно ги инспирира твитерџиите

Новата „бомба“ на Заев повторно ги инспирира твитерџиите

Лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, денеска повторно ја запали социјалната мрежа „Твитер“, со објавувањето на второто продолжение на „бомбата“.

Снимките од разговорите, во кои се открива како се местат судски процеси, се назначуваат судии и се вршат партиски пазарења за судската власт, беа инспирација за твитерџиите да ја изразат својата смисла за хумор.