Технологија Гаџети Нова верзија на мобилна апликација против говорот на омраза

Нова верзија на мобилна апликација против говорот на омраза

Фодинацијата „Метаморфозис“ објави надградба на првата мобилна апликација против говорот на омраза „Не мрази“, чија намена е да ги донесе информациите од оваа област до корисниците на мобилните телефони.

„Апликацијата е изработена за поефикасно спротиставување на говорот на омраза преку споделување знаења. Таа на граѓаните им овозможува пристап до најновите вести од оваа област, образовни и стручни ресурси, меѓу кои е и библиотека со е-книги, интерактивни упатства за разните можности за пријавување на говорот на омраза, како и учество на настаните поврзани со борбата против говорот на омраза преку интегриран календар“, велат од Фодинацијата „Метаморфозис“.

Корисниците на „андроид“ можат бесплатно да ја преземат апликацијата преку „Гугл плеј“, а корисниците на „ајфон“ и на „ајпад“ преку „Еплс стор“.