Култура Нова стихозбирка од Раде Силјан

Нова стихозбирка од Раде Силјан

Нова стихозбирка на поетот и литературен критичар Раде Силјан, насловена „Отворена книга“, објави „Матица македонска“. Книгата е составена од единаесет подолги песни, поделени во три циклуси кои градат една неразделна тематска целина.

Раде Силјан е автор на 15 поетски книги и на повеќе критичко-есеистички дела посветени на македонската книжевност. Негови дела се преведени на англиски, руски, турски, италијански, полски, романски, унгарски, украински, српски, бугарски, грчки и на латински јазик. Добитник е на национални и на меѓународни награди, како и на наградата „11 Октомври“ за животно дело.