Македонија Нова Партија на Македонците во Србија

Нова Партија на Македонците во Србија

Во Белград се одржа основачко собрание за формирање на новата Партија на Македонците во Србија. За претседател на партијата е избран Горан Илијевски, додека за потпретседатели назначени се Ана Синицки, Даниела Цветановиќ и Славе Груевски. За секретар на партијата е избрана Биљана Милошевски.

– Бевме принудени да формираме партија на Македонците, како една нова сила, затоа што досега македонскиот етникум не беше застапен во извршните органи на власта во Република Србија – изјави претседателот на новоформираната партија, Илијевски.

Новоформираната Партија на Македонците во Србија очекува да учествува на претстојните избори во Србија, закажани за април годинава, а со тоа и да добие свои претставници на различни нивоа во власта.