Македонија Нова лидерска средба ќе се одржи утре

Нова лидерска средба ќе се одржи утре

Утре лидерите на политичките партии уште еднаш ќе се обидат да ги доближат позициите за излез од политичката криза. Како што е најавено, утре во Скопје ќе се одржи нова лидерска средба, но според досегашните изјави на политичките партии, мала е веројатноста дека ќе се постигне договор.

Една од клучните работи за која партиите досега не успеаја да се договорат е оставката на премиерот Никола Груевски. Тој во петокот во изјава за „Фајненшл тајмс“ рече дека ги прифаќа предлозите на опозицијата, но дека нема намера да даде оставка затоа што е легитимно избран од граѓаните.

За СДСМ, пак, токму повлекувањето на премиерот е клучно за успех на преговорите.

На лидерската средба нема да присуствува еврокомесарот Јоханес Хан.