Свет Балкан Нова контроверзна книга за Бугарите во Македонија

Нова контроверзна книга за Бугарите во Македонија

На бугарскиот пазар се појави нова книга на Темелко Нешков во која, како што пишува софиската новинска агенција „Новините.ком“, се претставени „страдањата на етничките Бугари на територијата на поранешната југословенска република Македонија по Втората светска војна“.

Книгата „Нема разделба. Македонија наспроти македонизмот“, според агенцијата, е „емоционално и потресно сведоштво на авторот за трагичните настани за време на насилната асимилација на Бугарите по 1945 година“.