Свет Нова експлозија во Кина

Нова експлозија во Кина

Нова силна детонација утринава се случи во близина на складиштето во северното кинеско пристаниште Тјанџин, каде минатата недела во серија експлозии загинаа 114 лица, а 70 исчезнаа.

Во извештајот се наведува дека после новата експлозија се подигнал бел чад. Издадена е наредба за евакуација на војниците кои се ангажирани во близина на местото на несреќната.

Во гаснењето на огинот во индустриската зона Тајнџин учествуваат повеќе од 1.000 пожарникари и над 1.500 војници.

Спасувачите вчера пронајдоа уште десет тела на настрадани во минатонеделните детонациите. Меѓу исчезнатите има и неколку десеттини пожарникари.

Кинеското Министерство за заштита на околината објави дека на местото на експлозијата се пронајдени цијанид и останати токсични хемикалии. Министерството наведува дека нивото на цијанид е осум пати поголем од дозволеното ниво во една од одводните цевки во погоденото подрачје.

Државната телевизија пренесе дека 698 лица за згрижени во болниците после експлозиите.