Македонија Нова бегалска несреќа, кај Фармакониси се удавија 28 луѓе

Нова бегалска несреќа, кај Фармакониси се удавија 28 луѓе

Досега се пронајдени 28 луѓе, меѓу кои и едно дете, кои се удавиле покрај брегот на грчкиот остров Фармакониси, откако потонал чамецот што превезувал стотина мигранти.

Крајбрежната стража на Грција спасила 68 лица, а 29 успеале сами да стигнат до брегот. Потрагата по патниците од превртениот брод продолжува.