Дописници Нова авионска линија на релација Брисел – Охрид ќе биде воведена во...

Нова авионска линија на релација Брисел – Охрид ќе биде воведена во јуни

Белгиската авиокомпанија „TUI Fly Belgium” од 6 јуни 2020 година ќе воведе авионски линии на релации од Брисел до Охрид и до хрватскиот град Пула и обратно, објави специјализираниот портал за авиосообраќај simpleflying.com.

Според порталот, компанијата ќе лета еднаш неделно на релација Брисел – Охрид и Охрид – Брисел, со почетна цена на билетот од 89,99 евра.

–Самоиловата тврдина и црквата „Св. Климент Охридски” се најинтересни локации. Дополнително, регионот е познат по прекрасната природа, вклучително и Охридско Езеро- се наведува во промотивниот материјал на „TUI Fly Belgium“.

„TUI Fly Belgium” е компанија ќерка на „TUI airlines Belgium”, која е дел од германската „TUI Group”.