Македонија Предлог за реформите во високото образование и од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

Предлог за реформите во високото образование и од Универзитетот „Свети Апостол Павле“

Со предлог, студентите што не го положиле првиот дел од државниот испит, кој се полага по завршување на втората студиска година, да имаат право да ги слушаат предметите предвидени во третата студиска година, денеска излезе ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, Нинослав Марина.

Како што соопштија од овој Универзитет, предлогот е доставен до Министерството за образование и наука.