Економија Нов леб од „Жито лукс“, кој трае една недела

Нов леб од „Жито лукс“, кој трае една недела

Нов леб на Жито Лукс

Компанијата „Жито лукс“ произведе нов бел леб на парчиња со свежина и со вкус кои траат и до една недела.

Продолжената свежина, вели продукт-менаџерката на компанијата, Даница Ническа, е добиена со иновативниот метод на пакување и на пастеризација, која се состои од две фази на печење преку кои лебот го задржува вкусот, квалитетот на составот и сите хранливи состојки во текот на една седмица.

Таа најави дека „ Жито лукс“ ќе продолжи да ја збогатува понудата на лебови и континуирано ќе го подобрува квалитетот без притоа да додава конзерванси.