Дописници Нов документарен филм за убавините на Охрид

Нов документарен филм за убавините на Охрид

„Прва македонска трансверзала“ е нов документарен филм за природните убавини на Охрид, кој својата премиера ќе ја има вечерва во рамките на Планинскиот филмски фестивал „Ехо“ во Скопје.

Филмот е со времетраење од 38 минути, а е снимен по повод возобновувањето на Првата македонска транверзала од Љуботен до Охрид, во 2014 година, во режија на Горан Вучиќ и на Кирил Шентевски.
Планинскиот филмски фестивал „Ехо“ годинава има досега најбогата филмска и презентациска програма од триесетина филмови од автори од 10 земји и тројца презентери – гости од Полска, Словенија и од Бугарија.

– Тоа што ни претставува особено задоволство, а е нешто што го посакувавме и на што работиме во изминатите шест години, е да инспирираме и да охрабриме и домашни автори, и тие да ги споделат своите приказни и својата вљубеност во природата – велат организаторите.