Свет Норвешка нема да ѝ плати откуп на ИД за киднапираните

Норвешка нема да ѝ плати откуп на ИД за киднапираните

Норвешката премиерка Ерна Солберг потврди дека во Сирија е киднапиран еден норвешки државјанин, но им порача на киднаперите дека „Норвешка нема да исплаќа откуп“.

Претходно екстремистичката Исламска држава објави дека држи еден Норвежанец и еден Кинез како заложници и бара откуп за нивно ослободување.

ИД постави фотографија од двајца мажи во жолта затворска униформа во најновиот број на своето интернет-издание „Дабик“. Под фотографијата пишува дека киднапираните се „на продажба“ и оти „времето за плаќање откуп е ограничено“.

Агенциите јавуваат дека не се наведува цифрата што екстремистите ја бараат за киднапираните, како ни до кога важи понудата.