Македонија Нормализиран сообраќајот во Куманово

Нормализиран сообраќајот во Куманово

Сообраќајот на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово е целосно нормализиран.

Полициските автомобили што беа поставени на почетокот од крстосницата меѓу улиците Доне Божинов и Гоце Делчев од едната страна и во близина на џамијата од другата страна ги нема и сообраќајот се одвива без застои.

Граѓаните минуваат со автомобили, а непречено се одвива и превозот на патници со автобуси. На овие улици се сместени државни институции и установи, судот, СВР Куманово, Општината, подружницата на Македонска пошта, како и неколку подружници на државни институции.