Дописници Нивото на Охридско Езеро се врати на дозволениот минимум

Нивото на Охридско Езеро се врати на дозволениот минимум

Мобилизацијата на еколошките асоцијации и нивните протести вродија со плод, така што нивото на водата во Охридското Езеро се врати на дозволениот минимум.

Спопред последните мерења што ги врши УХМР, нивото е во граница на дозволениот минимум.

По затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим, од пред десетина дена, нивото на водата во езерото е пораснато за четири сантиметри.

Од ЕЛЕМ исто така изјавија дека „прилагодување на испустот на вода од Охридското езеро во Црн Дрим на режим на биолошки минимум, ќе се применува на неодредено време се до зголемувањето на водостојот на Охридското Езеро.