Македонија Нимиц е загрижен за мирот и за стабилноста во Македонија

Нимиц е загрижен за мирот и за стабилноста во Македонија

Меѓународниот посредник во спорот за името, Метју Нимиц, изрази загриженост дека политичката криза може негативно да влијае на стабилноста на Македонија.

– Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека состојбата во државата е доведена до висок степен на ризик и опасност, што ќе влијае врз безбедноста и врз стабилноста на Македонија – изјави Нимиц за емисијата „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија“.

Тој изрази надеж дека политичката криза ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат.

– Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво на прашањето за името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и за стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми што се појавија во државата – рече Нимиц.