Македонија Никола Тодоров ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Тодоров ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за здравство и член извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, ќе биде шеф на изборниот штаб на партијата на претсетојните предвремени парламентарни избори.

Ова Тодоров денеска го изјави при отварањето на нов дерматовенеролошки специјалистички кабинет при поликлиниката Драчево.

Тодоров беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и на локалните избори во 2013 година, а на парламентарните и на претседателските избори во 2014 година оваа функција ја имаше пратеникот Илија Димовски.