Свет Балкан Никој не ја презема одговорноста за експлозијата во Истанбул

Никој не ја презема одговорноста за експлозијата во Истанбул

Експлозијата кај метрото во Истанбул била предизвикана од импровизирана бомба, но засега никој не ја презема одговорноста за нападот во кој се повредени шест лица, потврдија локалните власти.

Експлозијата, која се случи вчера, предизвика паника во градот, во кој тензиите се зголемени по повеќето бомбашки напади во Турција.

Атила Ајдинер, претседател на општината во која се наоѓа метро-станицата Бајрампаша, во европскиот дел на градот, рече дека експлозијата е предизвикана од бомба.

Ајдинер за телевизијата „А Хабер“ соопшти дека бомбата експлодирала на надвозникот во близина на метрото, во време на најголемиот сообраќаен метеж.

Турција е на готовност по октомвриските напади на двајца бомбаши-самоубици, во кои загинаа 103 лица.