Свет Европа Нигерија: Убиени 207 припадници на Боко харам

Нигерија: Убиени 207 припадници на Боко харам

Вкупно 207 припадници на радикалната екстремистичка група Боко харам вчера се убиени во акција на војската на Чад во североисточниот дел на Нигерија.

Како што јавуваат локалните медиуми, воените сили, во близина на границата со Камерун, заплениле големо количество оружје и муниција.

Во офанзивата, еден војник на Чад загинал, а девет се ранети.