Свет Нигерија бара оружје за борба со Боко харам, САД не даваат

Нигерија бара оружје за борба со Боко харам, САД не даваат

Соединетите американски држави (САД) „им помагаат и ги потикнуваат“ милитантите на исламистичката група Боко харам, со тоа што одбиваат да ѝ дадат оружје на Нигерија за борба со милитантите, изјавил нигерискиот претседател Мухамаду Бихари, јавуваат медиумите.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, законите во САД забрануваат продажба на оружје на земји што тешко се справуваат со кршењето на човековите права.

Нигерискиот претседател во понедeлникот имаше средба со претседателот на САД, Барак Обама, на која побарал помош во бoрбата со Боко харам.

Милитантите на исламистичката организација од 2009 година досега убиле повеќе од 10.000 луѓе и киднапирале стотици девојчиња и жени во Нигерија.