Македонија Невремето предизвика проблеми со електричната енергија

Невремето предизвика проблеми со електричната енергија

Дожд, засилен ветер, грмотевици, силно невреме денеска го зафати Скопје.

Невремето што трае повеќе од половина час предизвика чести прекини на електричната енергија, како и поплави.

Сообраќајот во градот се одвива отежнато. На прекини на електричната енергија се жалат жителите на Карпош, Аеродром и на Сопиште.