Македонија Невреме го парализираше железничкиот сообраќај во Германија

Невреме го парализираше железничкиот сообраќај во Германија

Железничката и метро-линија на северот на Германија сè уште се во прекин по силното невреме во кое загинаа седум лица.

Повеќето линии се откажани, меѓу кои и железничката линија Берлин – Хамбург.

Градските служби ги отстрануваат дрвата и гранките од патиштата и од пругите.

Повеќе од 35.000 лица ноќеска останаа без електрична енергија во сојузната држава Мекленбург – Западна Померанија, а уште 10.000 луѓе чекаат да се отстранат дефектите на електричната мрежа.