Македонија Невладини организации реагираат на говорот на омраза на пратеници

Невладини организации реагираат на говорот на омраза на пратеници

Со осуди на настапите на некои од актуелните пратеници „кои преку дискриминаторски говор и говор на омраза ја деградираат ЛГБТИ-заедницата“, реагираа ЛГБТИ Центар за поддршка, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Јунајтед – Тетово.

„Сметаме дека реториката за традиционално и за конзервативно општество која беше присутна во изминатите години имаше цел да ги маргинализира и дополнително да ги стигматизира ЛГБТИ-луѓето во Македонија. Очекуваме ваквиот говор да се санкционира и политичките партии да се оградат од јавните настапи на своите членови, кои се во судир со уставниот принцип на еднаквост на сите граѓани. Потсетуваме на ветувањето на новата влада дека ќе гради општество за сите, во кое ќе се санкционираат дискриминацијата и говорот на омраза. Токму затоа ја испраќаме оваа реакција во однос на скорешните јавни настапи на дел од актуелните пратеници“, стои во реакцијата.