Економија Нето-платата во јули изнесува 355 евра

Нето-платата во јули изнесува 355 евра

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година е поголема за 2,4 проценти и изнесува 21.861 денар или 355 евра, покажува Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација – 11 проценти, други услужни дејности – 9,9 проценти и рударство и вадење камен – 4,6 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите уметност, забава и рекреација – 10,2 проценти, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли – 4,2 проценти и јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување – 4,2 проценти.

Во јули 2015 година, 1,7 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.