Свет Свет Нередите од Балтимор се проширија во Филаделфија

Нередите од Балтимор се проширија во Филаделфија

Протестите што се случија во Балтимор поради смртта на младиот Афроамериканец Фреди Греј, се проширија и во Филаделфија.

Околу 600 лица протестираа во тој град, барајќи правда за Греј. Исто толку луѓе беа собрани и на протестниот марш во Балтимор.

Немирите се случија по погребот на Греј кој почина во притвор, а тоа предизвика протести поради односот на полицијата. Во немирите беа уапсени 250 лица.