Свет Европа Непроширувањето на санкциите кон Русија е пораз за Лондон, смета Пушков

Непроширувањето на санкциите кон Русија е пораз за Лондон, смета Пушков

Одлуката на Г7 да не се прошират санкциите кон Русија е пораз за британската дипломатија, оцени рускиот сенатор Алексеј Пушков.

„Неуспехот на британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, да наметне нови санкции за Русија е пораз на дипломатијата на Лондон. Едноставно, многу примитивно е да се биде против Русија“, напиша Пушков на својот профил на „Твитер“.

Тој оцени дека Лондон со ваквиот чекор сам се турнал в ќош.

– Од една страна – Брексит, од друга страна – конфликт со Русија, додека нејзиното (на Велика Британија) влијание во кризата во Украина и во Сирија е еднакво на нула – рече Пушков.

Шефот на италијанската дипломатија, Анџелино Алфано, вчера изјави дека не е постигнат консензус меѓу земјите членки на Г7 за воведување нови санкции кон Русија поради нејзината поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.