Свет Непал: 19 загинати во новиот земјотрес

Непал: 19 загинати во новиот земјотрес

Најмалку 19 лица загинаа, а 981 се повредени во новиот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала што го денеска го погоди Непал.

Потресот доаѓа на помалку од три недели по катастрофалниот земјотрес што однесе 8.000 животи во Непал.

Епицентарот на земјотресот бил на 68 километри западно од градот Намче Базар, во близина на Монт Еверест, на длабочина од 19 километри, а веднаш по него се регистрирани и други земјотреси со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Новиот земјотрес уништи голем дел од станбените објекти кои го „преживеаја“ претходниот катастрофален земјотрес.