Македонија Нема спојување на новогодишните и на божикните празници

Нема спојување на новогодишните и на божикните празници

Не се предвидени спојувања на деновите за новогодишните и за божикните празници, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Во согласност со Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божик“, се  вели во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика информира дека неработни денови ќе бидат 1 јануари (четврток) и 7 јануари (среда).