Свет Нема напредок во ослободувањето на двајцата Јапонци

Нема напредок во ослободувањето на двајцата Јапонци

Владата на Јапонија продолжува со обидите да ги спаси двајцата киднапирани, кои Исламска држава се заканува дека ќе ги убие, но сè уште нема значаен напредок, соопштуваат од владата.

„Немаме нови информации, само уште еднаш ја разгледавме постојната ситуација“, рекол јапонскиот министер за внатрешни работи, Фумио Кишида.

Во видеопораката објавена во вторникот, еден припадник на ИД на англиски јазик се закани дека ќе ги убие двајцата Јапонци доколку на терористичката организација во рок од 72 часа не ѝ бидат исплатени 200 милиони долари.
Киднапирани се 47-годишниот новинар Кенџи Гото и основачот на приватна безбедносна агенција Харун Јукава. Се верува дека Гото е киднапиран во октомври, а Јукава во август минатата година.