Македонија Нема да се казнува ако соседот ви го поправа казанчето

Нема да се казнува ако соседот ви го поправа казанчето

Министер за труд и социјална политика, Диме Спасов

Предлог-законот за забрана за вршење нерегистрирана дејност предвидува дека нема да се казнува ако повикате мајстор, роднина, сосед или чистачка за ситни поправки и за чистење дома.

Како што вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спадов, законот треба да го спречи вршењето нерегистрирани дејности од поголем обем, а не ги опфаќа пазарџиите, работата за сопствени потреби, соседската помош, семејната помош, работата во итни и вонредни ситуации, како и работата и услугите во домаќинствата.

За предлог-законот денеска во Сојузот на синдикати на Македонија беше организирана јавна расправа.

Законот треба да ги опфати поголемите неплаќачи на даноци и социјални придонеси, кои индиректно вработуваат други работници за кои не плаќаат никакви давачки и не ги осигуруваат.

Според Државниот завод за статистика, околу 152.000 луѓе се неформално вработени.