Свет Балкан Недостигаат 40 патници од запалениот брод кај Крф!

Недостигаат 40 патници од запалениот брод кај Крф!

Нова неизвесност се создава околу трагедијата со бродот „Норман Атлантик“. Грчките медиуми, повикувајќи се на грчкото министерство за поморство, јавуваат дека не се знае судбината на 40 патници од бродот. Според информациите, пребројувањето на патниците по целосната евакуација од бродот покажало дека се спасени само 433 патници и недостигаат околу 40 лица.

Засега нема подетални информации и се спроведува истрага за што побргу да се добијат одговори што се случило со овие патници.

Бројката на жртви почнува да се зголемува. Италијанските медиуми, повикувајќи се на извори од италијанските спасувачки служби, јавуваат за две нови пронајдени жртви, со што бројката на загинати во моментов се препоставува дека е седум.