Македонија Неделава ќе се знае составот на Советот за реформи на судството

Неделава ќе се знае составот на Советот за реформи на судството

Советот за имплементација на реформите во правосудството ќе го сочинуваат претседателите на трите судови – Врховен, Апелациски и Кривичен суд, како и јавниот обвинител и специјалниот јавен обвинител.

Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашња.

Тој рече дека е во финална фаза на консутлации со правните експерти околу Советот, кој според најавите, треба да биде формиран неделава, а со него ќе претседава лично Заев.

Премиерот рече дека за успешна имплементација на правосудните реформи треба да бидат вклучени практичари, односно претседателите на трите судови, обвинителите, како и претставници од Здружението на судии и од Адвокатската комора кои ќе бидат потпомогнати од граѓански експерти и од професорската фела.

Заев рече дека Советот не треба да биде преобемен за да има сериозено влијание и да ги забрза процесите во имплементацијата на законските решенија што ќе се изготват и донесат.

Прашан какви очекувања има од претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, кој според перцепцијата во јавноста имаше влијание во бегството на осомничени лица во случаи на СЈО, Заев рече дека членството во Советот не треба да се врзува со личности, туку со претставници на институции.

– Почнувајќи од мене како Зоран Заев, па било кој друг функционер, сите сме минливи и менливи. Не се водиме од имиња и презимиња на личностите – рече Заев.