Економија НБРМ: Финансискиот ситем на државата е стабилен

НБРМ: Финансискиот ситем на државата е стабилен

Во просториите на Народната банка, денеска се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите надлежни за регулирање и за надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Македонија: Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), Комисијата за хартии од вредност и Народната банка.

Како што соопштуваат од кабинетот на Народна банка, на состанокот се разговарало за состојбите и за главните предизвици во секој од сегментите од финансискиот систем.

– Притоа, се заклучи дека секој од сегментите е стабилен и непречено функционира и со тоа придонесува за одржување на севкупната финансиска стабилност на Македонија. Беше разговарано и за постигнатиот напредок во унапредувањето на регулативата и на стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните најдобри практики и со директивите на Европската Унија – се вели во соопштението.