Спорт НБА: Кошаркарите на Оклохома ја продолжија победничката серија

НБА: Кошаркарите на Оклохома ја продолжија победничката серија

Во синоќешните натпревари во НБА-лигата, тимот на Оклахома Сити тандер на свој терен ја совлада екипата Индијана пејсерс со резултат 105-92, а на натпреварот блесна Расел Вестбрук.

Тој го заврши натпреварот со трипл-дабл, постигнувајќи 20 поени, 11 скока и 10 асистенции. Одличен натпревар одигра и Серж Ибака, кој постигна 23 поени, 10 скока и три блокади.

Оклахома во февруари оствари девет победи и има само еден пораз.

Кливленд беше подобар од екипата на Детроит пистонс со 103-92. За победничкиот тим, Леброн Џејмс постигна 19 поени, 7 скока и 11 асистенции.

Во останатите два натпревари беа постигнати следните резултати: Вашингтон – Голден стејт 107-114, Далас – Торонто 99-92.