Спорт НБА: Кливленд го декласира Далас со 33 поени разлика

НБА: Кливленд го декласира Далас со 33 поени разлика

Екипата на Кливленд кавалирс синоќа на гостински терен го совлада тимот на Далас со 33 поени разлика, односно со резултат 127-94, а најдобар на натпреварот беше ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс.

Тој натпреварот го заврши со постигнати 27 поени, седум скока и осум асистенции. „Кралот“ Џејмс, со својата прва асистенција на натпреварот стана најдобар асистент во историјата на Кливленд, со 4.207 успешни додавања, надминувајќи го Марк Прајс.

Сан Антонио спарс, пак, беше подобар од тимот на Торонто рапторс и со резултат од 117-107 стигна до шестата победа во серија.

Во другите натревари беа постигнати следните резултати: ЛА лејкерс – Детроит 93-85, Јута – Њујорк 87-82, Бруклин – Њу Орлеанс 91-111, Индијана – Орландо 118-86.