Спорт НБА: Клеј Томпсон најзаслужен за победата на Голден Стејт над Мемфис

НБА: Клеј Томпсон најзаслужен за победата на Голден Стејт над Мемфис

Тимот на Голден Стејт синоќа ги надигра Мемфис гризлис, со резултат од 111-107, а најефикасен во победничката екипа беше Клеј Томпсон, кој натпреварот го заврши со извонредни 42 поени.

Во Источната конференција, Кливленд беше подобар од Детроит (109-97), додека Атланта на домашен терен загуби од Њујорк со 108-112, на кој, поради болест, не настапи Перо Антиќ.

Во тимот на Кливленд, одличен меч одигра Леброн Џејмс, постигнувајќи трипл-дабл, односно 21 поен, 11 асистенции и 10 скока.

Во останатите натпревари синоќа беа постигнати следните резултати: Шарлот – Хјустон 90-100, Филаделфија – Милвоки 97-107, Бруклин – Чикаго 86-113, Мајами – Орландо 110-93, Минесота – Њу Орлеанс 88-100, Оклахома – Портланд 101-90, Јута – Далас 109-92, Сакраменто – ЛА лејкерс 102-92, Голден Стејт – Мемфис 111-107, ЛА клиперс – Денвер 110-103.