Спорт НБА: Хјустон подобар од Кливленд, „кралот“ Џејмс потфрли од линијата за слободни

НБА: Хјустон подобар од Кливленд, „кралот“ Џејмс потфрли од линијата за слободни

Екипата на Хјустон рокетс синоќа славеше во дуелот со Кливленд кавалирс со резултат 105-103, до кој дојдоа по едно продолжение.

Трагичар на натпреварот беше ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс, кој иако постигна 37 поени, имаше лош шут од линијата за слободни фрлања, а ги промаши и двете во последните секунди од натпреварот што можеа да ѝ донесат победа на неговата екипа.

Со оваа победа, петта по ред, тимот на Хјустон ѝ се доближи на второпласираната екипа во Западната конференција, Мемфис.

Во останатите натпревари во НБА, синоќа беа постигнати следните резултати: Чикаго–ЛА клиперс 86-96, Бостон–Голден стејт 101-106, Индијана–Филаделфија 94-74, Орландо–Шарлот 83-98,Сакраменто–Портланд 99-110, ЛА Лејкерс–Оклахома 101-108, Денвер–Њу Орлеанс 92-99.