Спорт НБА: Харден со трипл-дабл му ја донесе 38. победа на Хјустон

НБА: Харден со трипл-дабл му ја донесе 38. победа на Хјустон

Кошаркарите на Хјустон рокетс синоќа на домашен терен ја совладаа екипата на Минесота тимбервулфс со 113-102, и ја забележаа 38. победа оваа сезона.

Џејмс Харден одигра одличен натпревар за победничкиот тим, со трипл-дабл од 31 поени, 11 скокови и 10 асистенции, и се наметна како еден од најсериозните кандидати за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од НБА-сезоната.

Во натпревар од Западната конференција, Мемфис гризлис дојде до 41. победа, совладувајќи ги ЛА клиперс со 90-87 на гостински терен.

Во другите натпревари беа постигнати следните резултати: Чикаго – Милвоки 87-71, Мајами – Филаделфија 119-108, Њу Орлеанс – Торонто 100-97, Денвер – Бруклин 82-110, Јута – Сан Антонио 90-81, Феникс – Бостон 110-115.