Видео НБА: Деандре Џордан се премисли, останува во Лос Анџелес клиперс

НБА: Деандре Џордан се премисли, останува во Лос Анџелес клиперс

Центарот на Лос Анџелес клиперс, Деандре Џордан, останува во тимот од Калифорнија, откако се премислил и го повлекол усниот договор што пред неколку дена го постигнал со Далас маверикс, објавуваат светските агенции.

Според информациите, Џордан наводно се премислил по тет-а-тет средбата во неговиот дом во Хјустон, со делегација од неговите соиграчи од „клиперс“, меѓу кои Блејк Грифин и Пол Пирс.

Од денеска, кога истекува мораториумот на НБА, играчите ќе можат да ги потпишуваат новите договори и трансфери во нови тимови.

„Клиперси“ го објавија останувањето на Џордан вчера доцна вечерта, посакувајќи му преку „Твитер“ добредојде назад во тимот.