fbpx

НБА: Сан Антонио „опасно“ се засилува за следната сезона

-

Тимот на петкратниот НБА-шампион Сан Антонио спарс во наредната сезона, по сè изгледа, ќе биде еден од главните претенденти за престижната титула.

За ваквите планови на „мамузите“ јасно говорат имињата на играчите кои како засилувања треба да пристигнат во тимот од Тексас, а за кои веќе наголемо пишуваат американските медиуми.

Најзвучното засилување е моќниот крилен играч Ламаркус Олдриџ, кој по девет сезони поминати во тимот на Портланд трејл блејзерс се сели во Сан Антонио.

Олдриџ минатата сезона имаше просек од 23,4 поени и од 10,2 скока по натпревар и покрај повредите на раката.

Олдриџ, кој има пораснато во околината на Далас и две години играл за Универзитетот на Тексас, според „Њујорк тајмс“ се согласил на четиригодишен договор со Сан Анатонио, вреден 80 милиони долари. Сепак, за официјализирање на договорите ќе се почека до четврток, кога завршува мораториумот во НБА за нови договри и за трансфери на играчите.

„Среќен сум што се враќам во Тексас и ќе бидам „мамуза“ (spur)“, напишал Олдриџ на својот твитер-профил.

По продолжувањето на соработката со Кавај Ленард и со Дени Грин, своето останување во Сан Антонио го објавија и ветернатите Тим Данкан и Аргентинецот Ману Џинобили.

Во тексашкиот тим, според информациите, доаѓа и искусниот Дејвид Вест, кој минатите четири сезони ги мина во тимот на Индијана пејсерс.

Вест, кој минатата сезона имаше просек од 11,7 поени и од 6,8 скока по натпревар, се согласил на едногодишен договор со „мамузите“, за ветерански минимум од 1,5 милион долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...