Спорт НБА: Атланта во полуфиналето на Источната конференција

НБА: Атланта во полуфиналето на Источната конференција

Тимот на Атланта хокс синоќа со убедливи 87-111 го совлада тимот на Бруклин нетс и со вкупен резултат од 4-2 во победи, обезбеди полуфинале од плејоф-разигрувањето во Источната конференција.

Најефикасен во редовите на Атланта беше Пол Милсап со 25 поени, а одлични на паркетот беа и Кајл Корвер и Ди Маре Керол, кои запишаа по 20 поени.

Перо Антиќ немаше голема минутажа на синоќeшниот натпревар кој го заврши без поени, со еден дефанзивен скок.

Во полуфиналето на Истокот, „соколите“ ќе играат против екипата на Вашингтон визардс, а првиот меч од пресметката е закажан за утре во Атланта.