Дописници Националниот парк „Галичица“ издава дозволи за движење

Националниот парк „Галичица“ издава дозволи за движење

По големиот шумски пожар пред две недели, ЈУ Национанален парк „Галичица“ издава дозволи за движење низ терените на паркот.

Следниот викенд е продолжен, така што интересот е зголемен, а дозволите за движење во границите на паркот можат да се подигнуваат до петок, 31 јули, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот.

При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетата на паркот со точна релација.

Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шумите.

Во согласност со Законот за шуми, казната за физичките лица што нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе бидат затекнати како се движат во шума без дадено одобрение од дирекцијата на паркот, се движи од 1.500 до 2.000 евра.

Тоа значи дека секој што ќе сака да се движи во границите на паркот, ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата за престој или посета на паркот.