Свет Свет НАТО сака да се вклучи во коалицијата против ИД

НАТО сака да се вклучи во коалицијата против ИД

НАТО ја разгледува можноста да се приклучи на коалицијата на чело со САД која се бори против Исламска држава во Сирија и во Ирак, изјави американскиот министер за одбрана, Ештон Картер.

– Благодарение на водството на шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, ние ја разгледуваме можноста НАТО да се приклучи на коалицијата како нејзин член – рече Картер по состанокот во Брисел.

Коалицијата веќе ги опфаќа сите 28 членки на НАТО поединечно, но не и самата Алијанса како целина.