Свет НАТО најавува три баталјони на истокот за борба против ИД

НАТО најавува три баталјони на истокот за борба против ИД

Од почетокот на следната година, на теренот на источните членки на НАТО ќе бидат оперативни три меѓународни баталјони на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на сојузот.

Најавено е дека НАТО, за да ѝ помогне на коалицијата што се бори против Исламска држава, ќе испрати авиони „авакс“, кои ќе бидат поддршка на воздушните сили на меѓународната коалиција.

– На почетокот на 2017 година ќе имаме четири меѓународни баталјони на истокот на НАТО. Тоа се чини дека не го предизвикува конфликт, туку го спречува. На министерскиот состанок, четири нации, кои ќе ги водат баталјоните, Канада, Германија, Велика Британија и САД, ќе ги изнесат своите конкретни оперативни планови – рече Столтенберг.

Иако формално не е дел од меѓународната коалиција во борбата против ИД, НАТО на различни начини ја поддржува коалицијата, од неодамна и со набљудувачки „авакси“, кои од небото од Турција и од меѓународниот простор праќаат потребни информации.