Македонија НАТО: Македонија што побргу да го заземе заслуженото место во Алијансата

НАТО: Македонија што побргу да го заземе заслуженото место во Алијансата

Македонија и понатаму активно придонесува во операциите на Алијансата низ светот, е заклучокот од денешниот редовен годишен состанок во Брисел на Република Македонија со Комитетот на ниво на заменици на постојаните претставници на НАТО.

На состанокот била презентирана годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2015-2016 година, како дел од 17. циклус на акциониот план за членство, соопшти Министерството за надворешни работи.

Македонската делегација, предводена од државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска, и од државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска-Ристова, пред земјите-членки на Алијансата, како што се соопштува, говореле за стратегиските и за надворешно-политичките приоритети, за тековните и за идни активности поврзани со имплементацијата на реформите во земјата на политичко-економски и на воено-одбранбен план.