Свет Европа НАТО ќе испраќа авиони и бродови како воена помош за Турција

НАТО ќе испраќа авиони и бродови како воена помош за Турција

Членките на НАТО ќе испратат воени авиони и бродови во Турција се со цел зајакнување на одбраната на границата со Сирија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Целта, исто така била и да се избегнат инциденти како што беше со соборувањето на рускиот воен авион.

– Договоривме пакет мерки за Турција, имајќи ја предвид нестабилната ситуација во регионот – изјави Столтенберг.

Државите членки го одобриле планот, но мора да одлучат што точно ќе испратат во Турција.