Свет НАТО го вклучи алармот: Руски авиони стигнале во Европа

НАТО го вклучи алармот: Руски авиони стигнале во Европа

Четири групи руски авиони изминативе два дена го нарушиле меѓународниот воздушен простор во близина на границата со Европска Унија, реагираат од НАТО.

– Се работи за невообичаено ниво на активност околу европскиот воздушен простор – наведено е во соопштението од штабот на алијансата во Монс, Белгија.

Оттаму тврдат дека групите биле составени од стартегиски бомбардери, ловци и од авиони за снабдување со гориво.

НАТО овие авони ги детектирал над Балтичко Море, Северно Море, Атлантскиот Океан и над Црно Море. Тие, како што е наведено во соопштението, летале до Португалија и до Шпанија.

Во пресретнувањето на руските авиони биле вклучени авиони од Норвешка, Британија, Германија, Португалија, Данска и од Турција, како и од државите кои не се членки на НАТО, Финска и Данска.