Македонија „Наставнички пленум“ побара Уставниот суд да го стопира екстерното

„Наставнички пленум“ побара Уставниот суд да го стопира екстерното

„Наставнички пленум“ до Уставниот суд поднесе иницијатива за спорните закони за основното и за средното образование, на која се потпишаа повеќе од 1.000 наставници.

Од пленумот велат дека најголемиот дел од оспорените одредби се однесуваат на ектерното тестирање.

– Она што би било најдобро сега да се направи е Уставниот суд да донесе привремена мерка, со која ќе ја стопира примената на законот за екстерно тестирање, бидејќи тоа е итно и важно за оваа генерација ученици и за наставниците – вели Благоја Ѓорчевски од „Наставнички пленум“.

Според претставниците на пленумот, овој модел на екстерно тестирање не е соодветен затоа што еден тест ги оспорува сите претходни во текот на годината, а предвидува казни и санкции за наставниците и за учениците.