Македонија „Наставнички пленум“ на средба со Аиво Орав

„Наставнички пленум“ на средба со Аиво Орав

Со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, денеска ќе се сретнат претставници на „Наставнички пленум“. Тие ќе му ги презентираат нивните досегашни активности, потребата за создавање на пленумот и проблемите штпо како лавина го потресоа секторот образование.

Според наставниците, игнорантскиот однос на надлежните само дополнително ја прелеал чашата кај наставниот кадар, кој и под силни притисоци и закани решил отворено да проговори за реалните состојби и проблеми во образовниот процес.